3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот буџетски дефицит падна на 84,7 милијарди евра

Францускиот буџетски дефицит падна на 84,7 милијарди евра

francijakrizafrance

Францускиот буџетски дефицит на крајот на октомври оваа година изнесуваше 84,7 милијарди евра, што е за 1,3 милијарди помалку во однос на истиот месец минатата година.

Во нацрт-буџетот за 2015 година, кој е претставен минатиот месец, владата во Париз предвиде дека буџетскиот дефицит во оваа година ќе достигне 87 милијарди евра, а наредната година 75,7 милијарди, пренесува Ројтерс.

На крајот на октомври буџетските трошоци достигнаа 317,9 милијарди евра, во однос на 325,5 милијарди една година претходно, што значи дека се намалени за 7,6 милијарди евра.

Истовремено, приходите изнесувале 237,6 милијарди и се помали за 6,8 милијарди во споредба со месец октомври 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП