18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda ќе продаде рекордни милион автомобили во 2014-та

Škoda ќе продаде рекордни милион автомобили во 2014-та

sk prodazba

Чешката фабрика за автомобили за прв пат во својата историја ќе произведе и продаде повеќе од милион возила во текот на една година. Од јануари до крајот на ноември „Škoda“ испорачала 955.300 aвтомобили, додека во целата 2013-та година продадени се 920.800 возила.

Во ноември на купувачите им се испорачани 90.200 возила, што е 10,1 oтсто повеќе во однос на истиот месец во 2013-та  и најдобриот ноемвриски резултат во историјата на „Škodа“.

Главниот двигател на растот бил кинескиот пазар. Таму во ноември продажбата пораснала за 46,9 отсто во однос на истиот месец од претходната година.

Oд почетокот на година „Škoda“ на купувачите на кинескиот пазар им има испорачано 250.600 возила.

sk prodazba1

Најголема побарувачка во Кина има за новата „Oсtaviа“, која во продажните салони во таа земја пристигна во 2014-та. Растот на продажбата на „Oсtaviа“ во Кина изнесува 112,4 отсто, на годишно ниво. Претседателот на управниот одбор на „Škodа“, Винфрид Валанд, вели дека компанијата ќе стигне до нови купувачи благодарејќи на новата генерација на некои модели. Во средината на ноември на европскиот пазар пристигна новата „Fabia“, a на почетокот на 2015-та година ќе се појави и новата „Škoda Fabia Combi“.

Во источна и западна Европа, „Škoda“ во ноември забележа благ пад на продажбата, додека во земјите во средна Европа постигнат е минимален раст од 1,6 проценти.

Чешката фабрика за автомобили за девет месеци во 2014-та година го зголеми оперативниот профит за три четвртини на 651 милиони евра. Приходите се зголемени на 19,3 проценти или на 8,8 милијарди евра.

Покрај зголемениот број на продадени возила, подобри бизнис резултати се постигнати и благодарејќи на намалувањето на трошоците за производство и други мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП