5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот извоз ги руши рекордите

Словенечкиот извоз ги руши рекордите

slovenijaplataluge1

Словенечкиот извоз во третиот квартал порасна за 6,8 проценти, а за девет месеци од оваа година ги надмина досега рекордните 17 милијарди евра, со просечен шестпроцентен раст, покажуваат податоците на статистичкиот Завод во Љубљана.

Најповолниот месечен резултат е забележан во јуни, кога е остварен суфицит во стоковата размена со странство од 105,5 милиони евра, со покриеност на увозот со извозот од 105,7 проценти.

Во првата половина од годината најмногу пораснал извозот во Хрватска, Австрија и Германија. Вкупната вредност на извозот во првата половина од годината изнесувала 11,3 милијарди евра, со суфицит на платниот биланс од 208,5 милиони евра.

Словенечкиот извоз расте две години по ред и претставува главниот генератор на економското закрепнување во оваа година, а и претходно Словенија ја спасуваше од длабоката рецесија, велат словенечките економисти.

Има сепак и мислења дека структурата на словенечкиот извоз не е најповолна, бидејќи таа зависи и од соседните држави и пазарите во ЕУ, каде доаѓа до пад на потрошувачка и стагнација.

„Да се насочат кон вистинските пазари, тоа останува најголем предизвик за словенечките претпријатија“, изјави експертот на банкарската групација UniCredit, Матео Ферази.

Добрата новост за словенечките претпријатија, според неговото мислење, е дека го зголемиле квалитетот на извозот, но сепак треба да се ориентираат и на далечните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП