28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД ја тужи Deutsche bank

САД ја тужи Deutsche bank

deutsche_bank121

Американската влада ја тужи германската „Deutsche bank“ поради основање на фиктивна комапнија со чија помош избегнувала плаќање на повеќе од десетина милиони долари данок.

Зад тужбата стои обвинителството од Њујорк, кое од „Deutsche bank“ побара да плати казна од 190 милиони долари поради практиките кои и овозможиле да избегнат плаќање на данок на добивка од 100 милиони долари, остварени преку продажба на акции.

Од друга страна, „Deutsche bank“ тврди дека ова прашање го решила пред пет години со американските даночни власти, и не разбира зошто американската влада повторно ја започнува истата постапка.

Според тврдењето на американската влада, „Deutsche bank“ во текот на 1999-та и 2000-та година, основала три фиктивни компании со цел „извршување на низа планирани трансакции“, наменети за избегнување на даночните обврски за добивката од продажбата на акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП