4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележување на Светскиот ден за борба со корупцијата

Одбележување на Светскиот ден за борба со корупцијата

corruption

Градоначалници на општини во Македонија денеска ќе потпишат антикорупциски политики на одбележувањето на Светскиот ден за борба со корупцијата, што денеска го организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

На одбележувањето на денот за антикорупција ќе има воведна сесија на која ќе бидат нагласени социјалните и политичките аргументи за важноста од спречувањето и борбата со корупцијата преку подобрување на административниот интегритет, ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.

На сесијата „Спречување на корупцијата преку интегритет“ ќе се разговара за улогата на граѓанското општество и младите во мониторинг на општинските заложби за транспарентност, отчетност и отвореност и за потенцијалите на социјалната иновација и поддршката на општините во имплментирањето на апликацијата „Отворена општина“, претставување на е-услугите како пример за искористување на ИТ-алатки за пречување
корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП