5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2.000 проекти тешки 1.300 милијарди евра за оживување на европската економија

2.000 проекти тешки 1.300 милијарди евра за оживување на европската економија

eueueueueueueu

Европската унија состави листа од околу 2.000 проекти со вкупна вредност од 1.300 милијарди евра, кои би можеле да бидат вклучени во инвестицискиот план и искористени за оживување на европската економија, без паралелно зголемување на долгот.

Меѓу тие проекти се новиот аеродромски терминал во Хелсинки и системот за одбрана од поплави во Велика Британија, потоа станбена изградба во Холандија, ново пристаниште во Ирска, како и 4,5 милијарди евра вредна брза железничка пруга која ќе ги поврзува Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Листата со проекти не е конечна и за неа дополнително ќе разговараат министрите за финансии на земјите од ЕУ.

Проектите кои се во оптек на Унијата ги пријавија владите на земјите од ЕУ на повик на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Првите проекти, кои би требало да привлечат инвестиции од приватниот сектор, ЕУ ќе ги избере и подготви до јуни 2015 година.

Јункер минатиот месец претстави инвестициски план за собирање на 315 милијарди евра, со инвестиции од 21 милијарда евра од посебниот инвестициски фонд на Европската инвестициска банка, кои во текот на наредните три години би биле инвестирани во приоритетните сектори како комуникациската инфраструктура, обновливите извори на енергија и равиената технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП