5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Помош за Грција доколку се договориме“

„Помош за Грција доколку се договориме“

Germany Europe Union Nobel Peace Prize

Министрите за финансии на еврозоната нема да донесат одлука за продолжување на програмата за финансиска помош на Атина која истекува на крајот на оваа година.

„Она што навистина го сакаме е постигнување на успешен договор кој ќе и овозможи на Грција да го намали буџетскиот дефицит и да спроведе реформи за постигнување на солидна економија“, изјави европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси, во пресрет на состанокот на министрите за финансии на членките на еврозоната во Брисел, пренесува Ројтерс.

„На состанокот нема да биде донесена одлуката за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција, но се надевам дека чекорите напред кои ги оствари Атина ќе бидат регистрирани“, наведе тој, додавајќи дека е свесен за напорите кои Грција ги презема.

Европската унија во овој момент размислува за продолжување на актуелната програма за Грција за шест месеци, до средината на 2015 година. Официјална Атина, сепак, порача дека ќе се согласи со продолжувањето на непопуларните мерки за штедење, но само доколку тие бидат продолжени за само неколку недели.

Грчкиот парламент го усвои буџетот за наредната година, што е план кој, според оценките на аналитичарите, е најблиску до балансирањето на буџетот на Грција за последните три децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП