7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот смартфон на кинеската компанија Xodiom

Првиот смартфон на кинеската компанија Xodiom

xodiom 3

На кинескиот пазар се појави нов конкурент на веќе познатите компании, како што се „Xiaomi“ и „OnePlus“. Новата, досега непозната компанија под името „Xodiom“, го претстави својот прв паметен телефон.

Мобилниот уред „Хodiom“ има 5.5-инчен „Super AMOLED“ екран со „QHD“ резолуција, процесорот на „Qualcomm – Snapdragon 805“ со четири јадра и такт од 1,7 GHz, 3 GB работна меморија, како и 32 или 64 GB слободен простор за чување на податоци.

Задната камера на овој уред е од 16-мегапиксели и има автофокус и оптичка стабилизација на сликата, додека предната е од 5-мегапиксели. Овој смартфон користи батерија со моќ од 3200 mAh.

Постои поддршка за „Wi-Fi“ и „LTE“, како и многу сензори, како што се акцелерометар, жироскоп, компас, сензор за отчукувања на срцето, барометар, сензор за „UV“ зраци и сензор за близина. Мобилниот уред на компанијата „Xodiom“ би требало да се појави на пазарот на 5-ти јануари следната година, а ќе биде достапен во две верзии (32 или 64 GB слободен простор за чување на податоци).

Двете верзии можат да се нарачаат по пат на официјлната интернет страна на компанијата. Основниот модел со 32 GB простор ќе се продава по цена од 329 долари, додека верзијата со 64 GB ќе чини 379 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП