18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го најави Q8, ќе ги „нападне“ BMW и Mercedes

Audi го најави Q8, ќе ги „нападне“ BMW и Mercedes

audi q8 22

Во почетокот на следната година, односно веќе во јануари, не очекува саемот за автомобили во Детроит за кој германскиот гигант од групацијата „VW“ најавува нови автомобили кои ќе станат директни конкуренти на моделите на „BMW“ и „Mercedes“.

Од „Audi“ потврдија дека за Детроит го подготвуваат спортскиот „SUV – Q8“ кој ќе биде базиран на следната генерација на моделот „Q7“. Овој автомобил ќе биде најголем во „SUV“ класата, а задача ќе му биде на пазарот да ги победи директните конкуренти во вид на „BMW“ моделот „X6“, „Range Rover Sport“ и „Mercedes GLE Coupe“.

„„Q8“ ќе пристигне претставувајќи нешто ново, а дизајнерски ќе биде сличен на концептниот модел „Prologue“. Ќе биде нешто поемотивна и повеќе спортски ориентирана верзија на моделот „Q7“, но ќе биде и по многу работи сличен на купе верзија“, изјави техничкиот директор на „Audi“, Урлих Хакенберг.

Се очекува моделот „Q8“ да биде долг и повеќе од 5 метри, а почетната најниска цена ќе биде околу 65.000 евра. За таа сума ќе може да се добие „V6“ бензински агрегат со зафатина од 3.0 литри, додека „turbo V8“ дизел моторот со 4.0-литри ќе чини 115.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП