Додека безуспешно им се враќате на диетите кои многу пати немаат долгорочна корист и килограмите постојано ви се враќаат, тајната на убавината и совршената фигура се крие во вашата кујна, меѓу зачините. Зачините освен што на јадењата им даваат прекрасен вкус, можат да ви помогнат и при слабеењето.
Зачините на сите им се лесно достапни, само потребно е да започнете редовно да ги користите и тие ќе станат наш главен сојузник до идеалната фигура.
Еве ја лисата од само неколку зачни кои се најделотворни при слабеењето:
1. Сенф
Сенфот има термогенски ефект кој го загрева нашето тело со што трошиме повеќе калории. Со консумирањето на сенф можете да согорите околу 50 калории по оброк. Освен тоа, тој е многу вкусен и можеме многу лесно да го комбинираме со месото за ручек.
2. Ѓумбир
Ѓумбирот е повеќегодишна билка позната по својот корисен корен. Освен што е исклучително здрав, ѓумбирот ќе го забрза варењето на храната и ќе ги разгради мастите. Етеричното масло од ѓумбир делува како диуретик и го забрзува исфрлувањето на урина од телото.
3. Ким
Кимот делува како диуретик, одличен е за желудникот и го подобрува варењето на храната. Кимот го смирува желудникот и многу лесно можеме да го комбинираме во секојдневната исхрана.
4. Лимонова кора
Лимоновата кора е лековита како и самиот плод и штета е да се фрли. Содржи дури повеќе витамини и минерали од самиот плод, а особено витамин Ц. Таа го спречува претворањето на вишокот јаглехидрати во масти. Наједноставното користење на лимоновата кора е да ја исецкате многу ситно и да ја додадете во јадењата, салатите или во лимонадата.
5. Црн пипер
Црниот пипер може да се користи во речиси сите јадења во текот на целиот ден. Така можеме да го вметнеме во утринскиот омлет, да го додадеме во сендвичот или салатата и со него да го зачиниме месото. Тој го подобрува варењето, а неговата главна состојќа алкалоид пиперин само неколку часа по јадењето ги согорува мастите за 8 проценти.
Следниот пат кога ќе се одлучите да бидете на диета, погледнете ги зачините во кујната. Сигурно ги имате овие зачини кои се сојузници на убавината и витката линија, и кои ќе ви помогнат на суптилен начин да ги изгубите килограмите.