18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ100-те примероци од најскапиот модел на Porsche продадени за 48 часа (фото)

100-те примероци од најскапиот модел на Porsche продадени за 48 часа (фото)

pan ex

За време на автомобилскиот саем во Лос Анџелес во ноември, производителот на луксузни автомобили „Porsche“ го претстави најскапиот модел – „Panamera Exclusive Series“.

Покрај скептицизмот на многу од пазарните набљудувачи, 100-те примероци од моделот беа продадени за само 48 часа, соопштија од компанијата.

Успешната продажба ги натера аналитичарите да прогнозираат дека „Porsche“ може без проблем да преземе чекор за претставување на лимитирана серија и на други свои популарни модели.

pan ex1

Моделот „Panamera Exclusive Series“ беше со продажна цена од 310.000 долари. За споредба, следниот најскап модел на „Panamera“  чини 200.500 долари, а тоа е „Turbo S Executive“ што е продолжена верзија на стандардниот модел „Turbo S“.

Серијата беше најблиску нешто до луксузна лимузина што „Porsche“ го има замислено досега. Многу од работите во новиот модел се изработени рачно, а автомобилот ќе располага и со доста нови додатоци кои ќе ја разликуваат од обичниот „Turbo S Executive“, на кој е базиран.

pan ex2

Во додаток на продолжената шасија, која обезбедува дополнителен простор, „Exclusive Series“ исто така ќе биде во две бои – црна и кафена.

Возилото се движи од 5.7-литарски турбо мотор со максимална моќност од 570 коњски сили, со кој е опремен и моделот „Panamera Turbo S“. „Exclusive“ моделот ќе има и посебно изработени 20-инчни тркала од „Porsche“, кои го носат името „Sport Classic“.

Она што навистина го разликува „Exclusive Series“ од останатите седан модели на „Porsche“, е луксузниот кожен ентериер. Возејќи се на задните седишта, патниците ќе можат да уживаат во новиот систем „Porsche Rear Seat Entertainment Plus“. Системот вклучува два 10-инчни екрани осетлив на допир, монитори со интегрирана камера и DVD, дозволувајќи им на патниците да имаат корист од целосниот сет за бизнис и забава.

pan ex3

За обожавателите на „Porsche“, на кои им се допаѓаат чанти за багаж, „Exclusive Series“ нуди кожен комплет од 5 дела, дело на „Poltrona Frau“.

„Porsche“ ќе произведе само 100 парчиња од моделот „Exclusive Series“, а секој од нив ќе има индивидуален број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП