5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот Парламент го усвои буџетот за 2015-та година

Грчкиот Парламент го усвои буџетот за 2015-та година

grcija parlament 34

Грчкиот Парламент доцна синоќа го усвои буџетот за следната година, кој ги блокира преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори.

Буџетот, кој беше критикуван од грчките синдикати и меѓународните кредитори, е усвоен од 155 пратеници на Нова демократија, ПАСОК и еден независен пратеник, додека 134 се изјасниле против.

Буџетот за 2015 година предвидува раст од 2,9 отсто и намалување на невработеноста од 24,8 на 22,6 проценти. Буџетскиот дефицит треба да се ограничи на 0,2 отсто од бруто домашниот производ, но според кредиторите, тој ќе биде околу три проценти.

По гласањето и дебатата, грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека по многу децении Грција сега има избалансиран буџет.

„Ова е историски момент“, истакна Самарас, додавајќи дека тоа е единствен пат кон развој. Грција од 2010 година се потпира на меѓународна помош од останатите земји членки на еврозоната и ММФ, а за чие одобрување морала да усвојува строги мерки за штедење и зголемување на данокот, но и да ја реформира својата економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП