5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде најмногу пораснале платите?

Каде најмногу пораснале платите?

pari-kupce-pari

Платите во светот минатата година во просек пораснале за два проценти на годишно ниво.

Најголем раст е забележан во азиско-пацифичкиот регион каде просечната годишна заработка пораснала за шест проценти, наведува Меѓународната организација за труд.

Зголемувањето на заработката било различно од регион до регион, а најголемото било забележано во земјите во развој. Во Азија платите лани во просек пораснале за шест проценти, а во Западна Европа и Централна Азија за 5,8 проценти.

На вработените лица на Блискиот Исток платите во просек им биле зголемени за 3,9 проценти, во Латинска Америка и на Карибите за 0,8 проценти, а во Африка за 0,9 проценти.

Во извештајот на Меѓународната организација за труд се напоменува дека платите во развиените економии во текот на 2013 година биле во стагнација, а во одделни држави дури биле и намалени.

Минатата година во развиените земји платите биле зголемени за 0,2 проценти во однос на 0,1 проценти една година претходно. Во Шпанија, Грција, Ирска, Јапонија и Велика Британија просечната плата во 2013 година била помала во однос на 2007 година.

Глобалната стагнација на платите е последица на економското забавување.

Нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените и понатака е присутна, се истакнува во извештајот.

„Борбата против дискриминаторската практика и предрасудите врз основа на разликата меѓу половите мора да биде приоритет за Владата,како и воведувањето на ефикасни политики кои се однесуваат на мајчинството, татковството и родителството. Сите земји треба да спроведат акции со цел поправедна поделба на одговорноста во внатрешноста на самото семејство“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП