5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во светот повторно профитираат

Банките во светот повторно профитираат

dolari

По закрепнувањето, глобалната банкарска индустрија за прв пат од финансиската криза остварува профит.

Сепак, европските банки и понатаму заостануваат зад ривалите во светот, покажува најновото истражување.

„Банките во Северна Америка растат и остваруваат значителни економски профити, додека оние во Европа покажуваат мали знаци на закрепнување“, наведува „Boston Consulting Group“.

Според податоците на „BCG“, банките во 2013 година генерирале 18 милијарди евра, што е еквивалент на три базични поени од вкупниот имот и средства со кои располагаат.

Најновото истражување на „BCG“ опфати повеќе од 300 банки во светот, кои имаат повеќе од 80 проценти од глобалните банкарски средства.

Банките во Северна Америка минатата година создале 25 милијарди евра економски профит, а профитабилноста на банките се подобрила и на Блискиот Исток и во Африка, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП