28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa прва во Европа купи штедлив авион

Lufthansa прва во Европа купи штедлив авион

lufthanza1

Германската компанија „Lufthansa“ е првата компанија која купи авион Ербас А320, опремен со уред за заштеда на гориво „sharklet“.

Така „Lufthansa“ стана првиот оператор во Европа, која во својата флота има авион со овој штедлив уред, а до 2015 година се очекува испорака на уште 21 авион од семејството А320 со „sharklet“, се наведува во соопштението.

„Sharklet“ е уред кој е направен од лесно композитни материјали, тој се наоѓа на врвовите на крилата и висок е 2,4 метри.

Ербас до денес забележа продажба од 9.000 авиони од фамилијата А320, додека повеќе од 380 клиенти и оператори во светот летаат со 5.400 веќе испорачани авиони во светот.

Авионот од семејството А320 се смета за најпродаван комерцијален авион на сите времиња, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП