5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина бара помош од Русија

Украина бара помош од Русија

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Киев ќе се обиде да обезбеди залихи на електрична енергија од Русија, бидејќи во оваа земја се намалија количините на јагленот кој во најголема мера се произведува во источниот дел на Украина.

„Официјална Москва сака претходно уверување дека Киев еден дел од електричната енергија ќе го пренасочи на Крим. Тоа е нивниот услов“, изјави украинскиот министер за енергетика, Владимир Демчишин и додаде дека Украина засега не увезува струја од Русија, пренесува агенцијата Франс прес.

Украина околу 40 проценти од електричната енергија добива од електраните на јаглен и речиси секогаш забележувала суфцицит во релативно евтините фосилни горива. Меѓутоа, осуммесечните конфликти со проруските сили во Доњецк и Лугањск, региони кои произведуваат големи количини на јаглен, предизвикаа затворање на многу рудници.

Според зборовите на украинскиот министер, Лугањск и Доњецк до избувнувањето на конфликтот произведувале околу 40 проценти од целокупната електрична енергија во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП