5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ја олабави контролата на капиталот

Кипар ја олабави контролата на капиталот

kiparEvrafke943

Кипар ја олабави контролата на движењето на капиталот, што е уште еден чекор кон укинување на драконските мерки воведени минатата година поради спречување на одлив на капиталот.

„На компаниите сега ќе им биде овозможено без одобрување од властите да префрлат два милиони евра во странство по трансакција, што е повеќе во однос на претходната граница од милион евра“, се наведува во соопштението на кипарското Министерство за финансии.

Министерството додаде дека за трансакциите кои го наминуваат износот од два милиони евра ќе биде потребно одобрение од властите, пренесува агенцијата Франс прес.

Поединци, секој месец ќе можат да изнесат од земјата 10.000 евра, што е двојно повеќе во однос на претходното ограничување, додека оние кои патуваат во странство од сега ќе можат да понесат со себе двојно поголема сума, односно 6.000 евра, прецизираше Министерството.

Кипарските власти во пролетта 2013 година ги затворија сите банки во времетраење од две недели, по постигнувањето на договор со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за добивање на пакет помош од десет милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП