10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord повлекува примероци на Mustang поради опасност од пожар

Ford повлекува примероци на Mustang поради опасност од пожар

fm vozila

Американскиот производител објави дека ќе отповика 728 примероци од најновата генерација на моделот „Mustang“, поради можноста за течење на гориво кое може да предизвика пожар.

Од „Ford“ соопштија дека станува збор за возила со 2.3-литарскиот „EcoBoost“ мотор, кои се произведени во периодот од 25-ти септември до 9-ти октомври, а проблемот е октриен во системот за гориво.

Од 728 автомобили, 712 се испорачани на купувачи во САД, а 16 се продадени во Канада.

Во „Ford“ велат дека засега не е забележан ниту еден пожар на возилата, кој би предизвикал сообраќајна незгода и повреда на патници. Компанијата ги повика сопствениците да ги донесат своите автомобили во сервис и бесплатно да им биде заменет проблематичниот дел.

Вестта за овој отповик пристигна само неколку дена откако беше објавено дека „Ford“ во ноември има продадено 62,4 oтсто повеќе примероци на „Mustang“, отколку во истиот месец во 2013-та.

Компанијата во ноември испорачала 8.728 автомобили, со што ја надмина вкупната продажба на двата ривали во сегментот – моделот „Chevrolet Camaro“ (4.385) и „Dodge Challenger“ (4.157).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП