Американскиот „Chrysler“, кој е под управата на италијанскиот „Fiat“, најави дека ќе инвестира 374 милиони долари во фабриката во Индијана.
Фабриката се наоѓа во северниот дел на САД, а специјализирана е за производство на системи за пренос на енергија.
Како што пренесува Франс Прес, генералниот директор на „Fiat“, Серџо Маркионе, оцени дека америкаснкиот автомобилски дизајнер има 50 проценти шанси да излезе на берзата, но сигурно не пред почетокот на летото.
„Chrysler“ кој веќе во компанијата „Auburn Hills“, во Кокому во Мичиген вработува 6.100 луѓе, ќе инвестира околу 374 милиони долари во унапредувањето на производите за производството на системи за пренос на енергија за возила, со што ќе се создаде можност за отварања на 1.250 нови работни места.
Управата на компанијата потсетува дека од 2009 година, вработила 8.000 нови работници во САД.
„Fiat“ во 2009 година стана сопственик на 20 проценти од уделот во „Chrysler“.
„Fiat“, благодарение на добрата продажба на „Chrysler“, во четвртиот квартал од 2012 година, забележа нето добивка од 388 милиони евра, додека во истиот период претходната година забележа загуба од 265 милиони евра.