3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која ја запира гладта

Храна која ја запира гладта

Niskokalorična-hrana-490x324

Намирниците богати со вода прават да се чувствуваме сито и ја потиснуваат гладта на подолг временски период. Исто така, помагаат во регулирањето на дигестивниот систем, па затоа е неопходно да ги вметнете во секојдневниот режим на исхрана.

Чиа семки

Богати се со омега 3 масни киселини, антиоксиданти, влакна, магнезиум, железо, и калциум. Многу се вкусни и можат да ги зачинат едноставните оброци.

Бамји

Овој зеленчук изобилува со влакна, а содржи малку калории – една шоља варени бамји има само 36 калории. Содржи железо, витамини А, Б6, Ц како и калциум и магнезиум.

Овесна каша

Омилен појадок за многумина, хранлив и вкусен. Според последното истражување утврдено е дека овесната каша го штити кардиоваскуларниот систем и го намалува ризикот од срцеви болести.

Јачмен

Оваа житарица има богат вкус, пробајте да ја додадете во салатите и чорбите.

Крушки

Како и јаболките, и крушките во себе содржат 84 проценти вода, а помагаат во регулирањето на дигестивниот систем, го намалуваат холестеролот и го контролираат апсорбирањето на шеќер.

Прокељ

Прокељот во себе содржи доволно хидрирани влакна така што со часови ве одржува сити. Прокељот можете да го подготвите на разни начини, обарен, малку пржен, запечен во рерна, како прилог или како главно јадење.

Портокали

Портокалите се одличен извор на витамин Ц, наместо да се трудите да ја исчистите белата кожичка која се наоѓа околу портокалот, подобро изедете ја.

Нори

Нори алгите (сушени) се главната состојка на сушито, а во себе содржат 35 проценти влакна. Можете да ги најдете во продавниците за здрава храна или во подобро снабдените маркети.

Леблебија

Неизбежната намирница во ориенталната кујна, главната состојка на најпознатиот израелски специјалитет Фалафел, ќе ве одржи повеќе часови сити. Можете да ја грицкате како ужинка, да направите хумус од неа или да ја додадете во некое друго јадење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП