15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Q7 ќе биде првиот plug-in дизел од VW групацијата

Audi Q7 ќе биде првиот plug-in дизел од VW групацијата

hib audi q7 3

„Audi Q7“ ќе дебитира следната година во бензинска и дизел верзија, а сега е потврдено дека по нив во понудата ќе биде и „plug-in“ хибрид дизел кој воедно ќе претставува и првиот „plug-in“ дизел во групацијата „Volkswagen“.

Од „Audi“ се надеваат дека овој автомобил ќе им даде предност во однос на лутите ривали „BMW“ и „Mercedes-Benz“, кои моментално веќе во понудата имаат „plug-in“ бензински верзии на своите модели.

Audi Q7“ ќе биде вториот „plug-in“ дизел во понудата во Европа, по „Volvo V60“ кој се појави уште минатата година и е продаден во 10.000 примероци во оваа верзија, иако има цена од 56.200 eвра.

Уште во текот на летото, шефот на развој во „Audi“, Улрих Хакенберг потврди дека „plug-in“ дизел хибридот ќе биде во понудата на мотори во нивните „A8“ и „Q7“ модели, а електричниот мотор ќе биде во комбинација со 3.0-литарски „V6“ дизел агрегат.

Во „Audi“ веруваaт дека „plug-in“ хибридите се најдобро решение кога станува збор за подобрувањето на економичноста на идните автомобили, затоа што немаат проблем со дометот како електричните автомобили.

За „Audi“ мометално важи дека полека заостануваат зад конкурентскиот „BMW“ кој успешно ја воведе „i“ серијата  и „Mercedes“ кој води со електронските информации како „Magic Body Control“ системот и полу-автономната технологија на возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП