5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски земјотрес: САД зад Кина

Економски земјотрес: САД зад Кина

china_us

Кинеската економија го презема лидерското место од економијата на САД која до неодамна беше водечка економија во светот, покажуваат последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд.

Кина сега сочинува 16,5 проценти од глобалната економија кога се мери реалната куповна моќ, во споредба со 16,3 проценти кои ги сочинуваат САД кои доминираа од 1945 година.

Овој најнов економски земјотрес го следи развојот од минатата година, кога Кина ги надмина САД за прв пат во глобалната трговија.

Кога, сепак, ќе се погледне состојбата според меѓународните девизни курсеви, американската економија останува поголема од Кина за речиси 70 проценти.

Сегашната состојба нема да се промени утре или следната недела, но ќе промени речиси се на долг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП