10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМулти наградуваната Alfa Romeo 4C конечно пристигна и во Македонија(фото+видео)

Мулти наградуваната Alfa Romeo 4C конечно пристигна и во Македонија(фото+видео)

basat

Колата која што ги зема повеќето награди меѓу кои за “Најубава кола на 2014”, со фантастичниот дизајн однадвор и класична изведба на спортски автомобил одвнатре, пристигна во Македонија!

Alfa Romeo 4C нуди различни можности за персонализација, како од естетска гледна точка, така и за нагласување на спортската конотација, кои овозможуваат да се задоволат потребите на секој тип на клиенти.

za

Внатрешниот изглед е како од книгите, со мал, централно поставен агрегат и исклучително лесна каросерија, кои овозможуваат невидена динамика и забава во возењето.

zal

Помалку од 4 метридолжина, 2 метри ширина и 118 cm висина. На Alfa Romeo4C не се смели само димензиите, туку и проектниот избор: решено беше да не се оди до крајност во моќноста, туку да се намали тежината.

zalf

Ниската маса на автомобилот најавува и супер забавно возење, со промени на правецот карактеристични за картинг автомобилите.

zalfa

Преведено во бројки, моторот е турбо бензинец со зафатнина од 1.75 литри и максимална сила од 240 КС. Силата се пренесува на задните тркала преку 6-степениот TCT менувач со две спојки, додека масата на возилото изнесува перо – лесни 900 kg. Благодарение на ова, забрзувањето до стотка трае само 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 258 km/h.

zalfar

Во секој случај, 4С е автомобил кој мора да се види, па сите заинтересирани за добро плакнење на очите,  ве советуваме да побрзате и да го посетите салонот на Alfa Romeo во Скопје!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП