5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија

Бундесбанк ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија

germanija-berlin

Централната банка на Германија ја намали прогнозата за раст на најголемата европска економија за тековната и наредните две години.

Бундесбанк во 2014 година очекува економски раст од 1,4 проценти, во 2015 година еден процент и во 2016 раст од 1,6 проценти во однос на претходно очекуваните 1,9 проценти, 2 проценти и 1,8 проценти, соодветно, пренесува агенцијата Франс прес.

„Германската економија забележа слаби резултати во вториот и третиот квартал, потфрлувајќи во однос на очекувањата на централната банка од јуни. Економијата, сепак и понатака е во добра состојба, што придонесува не само за домашниот пазар, туку и на извозниците им овозможува да ги искористат приликите на странските пазари“, изјави претседателот на Бундесбанк, Јенс Вајдман.

Од друга страна, во Берлин е објавено дека германските индустриски нарачки, кои се клучно мерило за побарувачката на германските производи дома и во странство, силно пораснале во октомври, укажувајќи на тоа дека периодот на економска слабост можеби е завршен.

Индустриските нарачки пораснале за 2,5 проценти во однос на септември, кога беа зголемени за 1,1 проценти, наведува германското Министерство за економија, пренесува агецијата Франс прес.

„Ова е добар почеток на четвртиот квартал. Дури и ако економските ризици потрајат, германската економија започнува постепено да закрепнува по периодот на слабост“, наведува Министерството.

Домашните нарачки се зголемиле за 5,3 проценти, а извозните за 0,6 проценти на месечно ниво. Нарачките од еврозоната се зголемени за 0,3 проценти, а оние надвор од монетарната унија за 0,8 проценти. Според секторите, нарачките на полупроизводи пораснале за 2,5 проценти, капиталните стоки за три проценти, додека нарачките за потрошувачката стока се намалиле за 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП