ЕКОНОМИЈА

Пријавени 150 кандидати за „Најпроактивни агро бизниси“

traktori mladi

На конкурсот за избор на „Најпроактивни агро бизниси“, што го организира ПроКредит банка, се пријавиле 150 примарни земјоделци, преработувачи и откупувачи.

Од примарните производители најголем интерес има во категориите сточарство и овошни насади, а споредено со минатите години расте бројот на пријавени сертифицирани органски производители. Првпат оваа година за изборот се пријавени и преработувачи и откупувачи на земјоделските производи, а најголемиот број апликации се од македонската конзервна индустрија.

Наградените ќе бидат соопштени на агро бизнис форумот кој ќе се одржи на 17­ти овој месец. Овој избор се организира трета година, а годинава бројот на пријавени е најголем.