16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор со ЕБОР за инфраструктурни проекти од 305 милиони евра

Договор со ЕБОР за инфраструктурни проекти од 305 милиони евра

Untitled

Договори со Европската банка за финансирање на изградбата на железничката делница Бељаковце­-Крива Паланка и на експресни патишта и автопат со Програмата за национални патишта, проекти со вкупна вредност од 305 милиони евра, ќе биде потпишан денеска во Скопје.

Договорот со претставниците на ЕБОР ќе го потпише вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорите на ЈП Државни патишта и ЈП Железници ­ Инфраструктура Љупчо Георгиевски и Ирфан Асани.

Со задолжување од 145 милиони евра треба да се се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.

Со Договорот за заем од ЕБОР за финансирање на Програмата за национални патишта се обезбедуваат 160 милиони евра. Реализацијата на Програмата ќе се одвива преку две транши, во износ од 74 милиони евра и од 86 милиони евра. Првата транша треба да овозможи изградба на првата фаза од експресниот пат Прилеп­Градско, реконструкција на патниот правец Штип­Кочани на ниво на експресен пат, а втората транша за изградба на експресен пат Охрид­Пештани и автопат Струга – Требеништа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП