24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Црна Гора помал од планираниот

Економскиот раст на Црна Гора помал од планираниот

crnagora4

Економскиот раст на Црна Гора во оваа година ќе изнесува околу  два проценти, наместо претходно планираните 3,5 проценти, додека во наредните години ќе изнесува од 3,5 до 5 проценти, изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ на седницата на Советот за странски инвестиции одржана вчера во Подгорица.

Ѓукановиќ укажа дека постои можност слабиот економски раст во еврозоната да се прелие на помалку развиените земји и заедно со последиците од големите елементарни непогоди во соседните држави да предизвика трет бран на рецесија во регионот.

„Тој очекува дека тоа нема да се прелее на Црна Гора, бидејќи веќе започнатите и очекувани големи инвестиции ќе обезбедат економски раст“, соопшти Бирото на Владата на Црна Гора за односи со јавност.

Ѓукановиќ наведе дека сигурно ќе започне изградбата на автопатот и дека се очекува да продолжат инвестициите во Луштица, Кумбор и „Порто Монтенегро“.

Тој изјави дека ќе започне и изграбата на новиот „Аманов“ хотел во комплексот Св. Стефан, туристичкиот комплекс на „Плави хоризонти“, енергетскиот кабел за Италија, како и тоа дека е при крај процедурата за вториот блок на ТЕ Плевља.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП