13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводството на Audi A3 Sportback е-tron (фото)

Производството на Audi A3 Sportback е-tron (фото)

AU140796

По 50 автомобили секој ден, произведени во исто време и склопени на ист начин како и останатите модели: „Audi“ започна со производство на „Audi A3 Sportback е tron“. Производителот на премиум автомобили го произведува својот прв „plug-in“ хибриден модел во главната фабрика на брендот во градот Инголштад.

AU140793

„Почнавме со сериското производство на „Audi A3 Sportback е-tron“ во текот на летото“, изјави д-р Хуберт Валтл, директор за производство во „AUDI AG“ и додаде – „Поголемиот дел од работата е интегриран на производната лента на „Audi A3“ и нема потреба од нова производна линија. Тоа ја покажува флексибилноста и ефикасноста на организаторите и вработените во одделот за производство.”

  • Првиот „plug-in“ хибрид излезе од производната лента на фабриката во Инголштат
  • Процесот на склопување е дел од производната линија на „А3“
  • Максимална безбедност за вработените и врвен квалитет за клиентите

AU140784

Со моделот „Audi A3 Sportback е-tron“, „Audi“ ја лансира мобилноста на иднината. Компактниот модел со пет врати го комбинира моторот со внатрешно согорување 1.4 TFSI со електромотор со моќност од 75 kW, што резултира со вкупна излезна моќ од 150 kW (204 КС). И покрај спортските перформанси, потрошувачка на гориво според „NEDC“ изнесува само 1,5 литри на 100 км (35 грама CO2 на километар). „А3 Sportback е-tron“ може да помине 50 километри само на електричен погон и 890 километри повеќе со бензинскиот мотор.

Audi-Standort Ingolstadt

Потрошувачка на гориво на моделите погоре:

„Audi A3 Sportback е-tron“:

Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 1,7-1,5;

Комбинирана потрошувачка на електрична енергија kWh/100 km: 12,4-11,4;

Комбинирана емисија на CO2 g/km: 39-35

„Audi A3 Sportback е-tron 16“:

Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 1.5;

Комбинирана потрошувачка на електрична енергија во kWh / 100 km: 11,4;

Комбинирана емисија на CO2 g/km: 35

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП