9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Макстил“ го заокружи финансирањето за системот за отпрашување

„Макстил“ го заокружи финансирањето за системот за отпрашување

makstil-sjyjyt

Во компанијата „Макстил“ активностите за воспоставување на системот за отпрашување се одвиваат според договорената динамика и се очекува да се пушти во работа на средината на наредниот месец.

За реализација на проектот компанијата доби 11 милиони евра кредит од Стопанска банка АД Скопје за што денеска потпиша договор.

Со потпишувањето на договорот, посочуваат од компанијата, се заокружува финансирањето на проектот за отпрашување.

Поради инсталацијата на системот погонот Челичарница не работи од 31 октомври 2014 година.

Генералниот директор на Макстил Митко Пановски истакна дека ова е една од најголемите обврски на компанијата, која досега е 90 отсто завршена.

Проектот е инвестиција во најголем систем за прифаќање на правот и гасовите од печките во филтер постројката и нивно пречистување. Филтер постројката е на површина од 1.000 квадратни метри и е висока 25 метри. Инсталирани се три главни и еден помошен мотор со вкупна сила од шест мегавати. Оџакот со дијаметар од шест метри е висок 42 метри.

Покрај овој систем, со одобрената мултивалутна кредитна рамка ќе се рефинансираат постојните кредитни линии на компанијата со банката, а средствата ќе се користат и за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на трошоците при работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП