3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот автомобил на агентот 007 е Aston Martin DB10 (фото+видео)

Новиот автомобил на агентот 007 е Aston Martin DB10 (фото+видео)

bond aston

Првите детали за новиот филм од серијалот за британскиот агент 007 беа објавени во Лондон, а продуцентите за време на манифестацијата го открија и новиот „Aston Martin“ кој ќе го користи Џејмс Бонд.

24-тата филмска приказна за Џејмс Бонд, која се нарекува „Spectre“, ќе има премиера на 6-ти ноември 2015-та, а првите официјални информации за филмот се соопштени на манифестацијата која се одржа во филмското студио „Pinewood“ во Лондон.

Како и во претходните три продолженија, улогата на агентот 007 ќе му припадне на британскиот актер Даниел Kрег.

bond aston2

Љубителите на автомобили најмногу ги интресира кој модел ќе го возил Џејмс Бонд, со оглед дека во претходниот филм беше уништен неговиот класичен „Aston Martin DB5“.

Традицијата не е изневерена, па и овој пат е избрана познатата британска марка на спортски автомобили, но целосно ново возило „DB10“:

Од „Aston Martin“ соопштија дека автомобилот најавува нов дизајн на идниот модел на овој производител.

Филмскиот „DB10“ има модерни спортски линии, а автомобилот од некои агли потсетува на „Jaguar F-Type Coupe“.

bond aston1

Љубителите на филмовите за Џејмс Бонд и „Aston Martin“ ќе мораат да почекаат уште барем една година, до премиерата на новиот филм, или барем до првите трејлери, за да можат да уживаат во филмските кадри на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП