18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа каматната стапка на 0,5 %

ЕЦБ ја задржа каматната стапка на 0,5 %

1267056680543918374a31a263393238_640x425

Европската централна банка ЕЦБ денес, на редовниот месечен состанок, ја задржи референтната каматна стапка на непроменето ниво од 0,5 проценти.

Како што се очекуваше, ЕЦБ ги задржи и двете други каматни стапки (маргиналната каматната стапка и каматната стапка на депозитите) на 0,30 проценти, односно на минус 0,20 проценти, соодветно, пренесува агенцијата Франс прес.

Причината за ваквата одлука на монетарниот комитет на ЕЦБ би требало денес подоцна да биде објаснета од претседателот на оваа институција , Марио Драги, кој и покрај се поголемиот притисок да преземе дополнителни акции, мали се шансите да најави нови мерки за покренување на стагнирачката економија на еврозоната, наведоа аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП