21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL го превзема Lukoil во Чешка

MOL го превзема Lukoil во Чешка

mol lukoil

Унгарската нафтена компанија „MOL“ успешно го заврши превземањето на бизнис активности на руски „Lukoil“ во Чешка, вклучувајќи го и купувањето на 44 бензински станици.

Во соопштението објавено на интернет страната на берзата во Будимпешта, „MOL“ оцени дека овој чекор значително ќе допринесе во подобрувањето на пазарната позиција и плановите да станат регионален лидер во продажбата на гориво и други стоки.

MOL“ моментално во Чешка поседува 192 бензински и сервисни станици, кои работат под брендовите „Slovnaft“, „Pap Oil“ и „Lukoil“, a планот е тие во 2015-та година да бидат соединети под два силни бренда.

„„MOL“ значително ја подобри својата позиција со купувањето на пумпите на „Lukoil“ во Чешка, а со натамошен раст, наша цел е да станеме избор број еден за корнисиците“, вели еден од раководителите на компанијата Ларс Хеглунд.

„Имаме намера да го воведеме брендот „MOL“, кој го прави идентитетот на нашите бензински станици во Унгарија, Романија, Србија, Словенија и Австрија, и во исто време да го задржиме и брендот „Pap Oil““, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП