21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција сериозно го намалува дефицитот

Франција сериозно го намалува дефицитот

padpadot251vfd1v

Франција до 2017 година ќе го намали дефицитот под бараната граница од три проценти на која се обврзаа сите членки на еврозоната, вели министерот за финансии Мишел Сапен.

Најновата прогноза за францускиот јавен дефицит за 2015 година е малку помала од претходно предвидените 4,3 проценти и изнесува 4,1 проценти од БДП, изјави Сапен.

Француската влада, како што вети и францускиот претседател Франсоа Оланд, не предвидува воведување на било какви мерки кои се однесуваат на зголемувањето на даноците за 2015, 2016 и 2017 година.

„Официјално ве известувам дека ја ревидиравме надолу прогнозата за јавниот дефицит за 2015 година на 4, 1 проценти наместо претходно предвидените 4,3 проценти и тоа без значителни измени на француската економска политика“, соопшти министерот.

„Оваа ревизија ни овозможува да успееме во намерата да го намалиме јавниот дефицит под три проценти до 2017 година, дури и повеќе“, додаде Сапен.

Јавниот дефицит на Франција за оваа година, како што веќе најави Владата во париз, ќе изнесува 4,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП