21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадските власти на Париз против работа во недела

Градските власти на Париз против работа во недела

Untitled

Градот Париз се подготвува да се спротистави на проектот на Владата за работа на продавниците во недела.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, нацрт­законот за развој на активностите кој ќе биде претставен наскоро од министерот за економија Емануел Макрон, предвидува проширување на правото за работа на продавниците во недела, со создавање на нови „меѓународни туристички зони“.

Овај план најмногу се однесува на Париз каде доаѓат околу 30 милиони туристи годишно.

Планот треба да овозможи сите продавници во Париз да работат секоја недела во годината.

Досега таква дозвола имаа само продавниците во седумте најтуристички делови на француската престолнина, како Елисејските полиња, но не и кои се наоѓаат на булеварот „Осман“ и големи стоковни куќи.

Градот Париз околу ова прашање има различни стаови, но според последните случувања, најверојатно неговите раководители ќе се спротистават на работењето во недела во што заеднички ќе настапат советниците од речиси сите политички партии.

Според еден документ на градот Париз, 20 до 25 отсто од продавниците кои се отворени во недела, се доволни да ги задоволат тековни животни потреби на жителите на градот, додека 92 проценти од туристите изјавиле дека се задоволни од шопингот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП