7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолско-­македонски семинар за земјоделскиот пазарно­-информативен систем

Полско-­македонски семинар за земјоделскиот пазарно­-информативен систем

cvetkov minister1

Македонија ќе ги искористи полските искуства за што поефикасно воспоставување на земјоделскиот пазарно­ информативен систем и на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН), што е една од обврските во прилагодувањето кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

„Искуствата од функционирањето на полскиот ФАДН за нас се од особено значење поради измените во европските регулативи кои во наредниот период треба да се имплементираат и кај нас“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешниот полско­македонски семинар за ФАДН.

Како што рече, во изминатиот период Министерството за земјоделство работеше на воспоставување системи и нивно ефикасно функционирање што е забележано и позитивно оценето во сите досегашни извештаи на Европската комисија.

Во овој процес значајна улога имаа експертите од Полска, кои беа ангажирани преку ИПА проектите.

„Надоградувањето и усповршувањето на системите е еден од примарните приоритети на Министерството. Оттаму и целта на денешниот семинар ­ претставниците на министерствата од двете држави да ги согледаат досегашните искуства во рамки на Европскиот информативен систем за следење и управување со земјоделските пазари и да се пренесе знаењето на полските експерти во оваа област“, посочи Цветков, изразувајќи благодарност до Амбасадата на Република Полска во Македонија и до амбасадорот Јацек Мултановски за поддршката и ангажманот околу семинарот.

Амбасадорот Мултановски напомена дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, особено на полето на прилагодување на македонските институции кон европските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП