28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Nissan Leaf ќе има автономија до 400 km

Новиот Nissan Leaf ќе има автономија до 400 km

leaf niss2

„Nissan“ ќе ја подобри автономијата во возењето на најпродаваниот електричен автомобил во светот. Следната генерација на моделот „Leaf“ ќе биде во состојба да помине и до 400 km со едно полнење на батеријата, изјави шефот на „Nissan“, Карлос Госн.

Покрај превисоката цена, еден од недостатоците на современите автомобили на електричен погон е и малиот радиус на движење. Иако има скромна автономија во возењето, која моментално изнесува само 135 km со едно полнење на батеријата, моделот „Leaf“ привлече преку 100.000 купувачи ширум светот.

Со цел да ја зголеми продажбата, „Nissan“ работи на подобрување на погонската батерија.

Компанијата во август најави дека подобрениот „Leaf“ ќе може да мине и до 300 km, пред батеријата да се испразни, а во неодамнешното интервју за јапонската телевизија, Карлос Госн откри дека радиусот на движење на новиот модел ќе достигне 400 km, што е трипати поголема автономија од постоечката.

Се уште не е познато кога на пазарот ќе се појави следната генерација на моделот „Leaf“, а се очекува дека тоа ќе биде во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП