Неколку македонски компании кои се учесници на Eкономскиот балкански форум во Софија, ќе ја прошируваат деловната соработка со бугарски компании. Менаџерите на „Алкалоид“, „Адинг’, „Свислион“, Заралогистик“ и „Ариљеметал“ денеска ќе имаат Б2Б средби со повеќе бугарски компании.
За време на дводневните билатерални средби претставниците на Македонскобугарската стопанска комора (МБСК) во Софија имаа состанок и со раководство на Турскобугарската асоцијација во која членуваат најголемите компании што имаат значаен придонес во трговската размена од околу четири милјарди долари, со што Турција е најголем економски партнер на Бугарија.
Претставниците на Турскобугарската комора ја поддржаа иницијативата на МБСК за реализација на мултимедијален проект „Калдрмите се живот“.
„Старите чаршии на Балканот се регионално истории на отвoрено, препознатливи и култни јадра што ги поврзуваат минатото, сегашноста и иднината и за чија европска промоција како економски, историски, уметнички и туристичка дестинации потребни се заеднички проекти“, истакна претседателот на МБСК Зоре Темелковски.
За натамошно интензивирање на соработка на бизнис асоцијациите ќе биде потпишан Меморандум за приоритетите во економската размена, помеѓу Македонскобугарската комора од Скопје и Бугарската трговска комора. Тие се иницијатори на идниот репрезентативен бизнисекспо форум, што на пролет, под покровителство на премиерите на двете држави, би се организирал во Софија.