25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно продолжување на програмата за финансиска помош на Грција?

Можно продолжување на програмата за финансиска помош на Грција?

grcijavremepari514s4a65er

Финансиската помош која ЕУ и ја дава на Грција, која истекува на крајот на овој месец, ќе мора да биде продолжена, но Атина и Брисел сеуште се во спор околу потребата за нови мерки за штeдење, изјави денес еден европски пратеник.

„Постои се поголема потреба за техничко продолжување на програмата за помош“, нагласи пратеникот, кој сакаше да остане анонимен.

Уделот на ЕУ во финансиската помош за Грција, вредна 240 милијарди евра, истекува на 31. декември, три години откако загриженоста во врска со положбата на оваа земја во еврозоната предизвика глобална криза, која за малку ќе доведеше до распаѓање на монетарната унија.

Грција, која е на пат да излезе од шестгодишната рецесија, изрази надеж дека од програмата за помош ќе излезе без никакви проблеми, како што тоа беше случај со Ирска и Португалија.

Атина, исто така, предложи, пред истекот на рокот во 2016 година, да ги исплати прeостанатите долгови кон Меѓународниот монетарен фонд – ММФ.

Меѓутоа, можнoста Грција да остане без надзор од кредиторите предизвика турбуленции на пазарите, поради што стана неопхoдно Атина да остане поврзана со кредиторската тројка – ЕУ, ММФ и ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП