22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Швајцарија ги надмина очекувањата

Економскиот раст на Швајцарија ги надмина очекувањата

1svajcarska

Швајцарската економија во третиот квартал порасна за 0,6 проценти во однос на претходните три месеци, надминувајќи ги очекувањата, благодарение на домашната потрошувачка и извозот на хемиски и фармацевтски производи, покажаа вчера податоците на швајцарскиот Државен секретаријат за економски работи (SECO).

Економскиот раст во третиот квартал е најбрз од почетокот на годината, а аналитичарите кои учествуваа во анкетата на Ројтерс очекуваа раст од 0,3 проценти.

На годишно ниво, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 1,9 проценти во три месеци заклучно со септември, по растот од 1,6 проценти во претходниот квартал, наведува SECO.

Силниот извоз на хемиските и фармацевтски производи и растот на продажбата во Азија и Северна Америка придонесоа во вкупните економски резултати во октомври. Домашната потрошувачка, сепак, во ноември е намалена, што би можело да влијае на БДП во четвртиот квартал.

Швајцарската влада и централната банка ги намалија економските прогнози, наведувајќи ги како причина растечките геополитички ризици и намалувањето на прогнозите за еврозоната, најголемиот трговски партнер на Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП