25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ќе го надмине целниот буџетски дефицит

Британија ќе го надмине целниот буџетски дефицит

london_large

Британија ќе го надмине целниот буџетски дефицит, но економијата би требало да порасне побрзо од очекуваното во оваа и наредната година, изјави вчера британскиот министер за финанси Џорџ Озборн.

„Нето задолжувањето на Британија заклучно со март 2015 година, би требало да достигне 91,3 милијарди фунти (116 милијарди евра), што е повеќе во однос на претходно прогнозираното задолжување на Владата од 86,4 милијарди фунти“, изјави Озборн во парламентот, пренесува агенцијата Франс прес.

Тој, исто така, наведе дека уделот на буџетскиот дефицит во БДП во 2014/2015 година би требало да биде на ниво од пет проценти, што е значително пониско во споредба со дефицитот од 10,2 проценти во 2010 година, но и дека нема да биде достигнато претходно ветеното целосно елиминирање на буџетскиот дефицит до одржувањето на наредните избори во мај 2015 година.

„Во денешната тешка глобална ситуација, можам да пријавам поголем економски раст на Британија, помала инфлација, намалена невработеност и дефицит кој е половина од оној кој го наследивме. Нашиот долгорочен економски план дава резултати“, изјави Озборн.

Според неговите зборови, економијата на Британија во оваа и наредната година би требало да порасне побрзо од првично прогнозираното, односно за 3,0 проценти во 2014 година и за 2,4 проценти во 2015 година, што е повеќе во однос на претходните прогнози од 2,7 проценти за оваа и 2,3 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП