11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за заштита на македонските автохтони семиња

Конференција за заштита на македонските автохтони семиња

zemjodelstvo-seminja65655

Во организација на Слоу фуд млади Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Нашите семиња, наша иднина“. Целта е промовирање и заштита на македонските автохтони семиња.

Ова е прв настан од неколкуте планирани на оваа тема на кој заеднички ќе дебатираат производителите, експертите, граѓанските организации и претставници на институциите, за актуелните прашања и можностите за примена на домашните семиња од страна на малите фармери, како и за политиките кои го засегаат овој сектор, велат организаторите.

Според нив, Македонија е вистинска ризница на автохтон генетски растителен фонд.

Автохтоните семиња се наше гастрономско богатство, нераскинлив дел од нашиот идентитет. Губејќи ги нив, губиме дел од нашите белези како народ кој живее на овој простор.

Зачувувањето на автохтоните семиња и нивното засејување на македонските полиња нека бидат наш одговор, отпор кон индустриски произведените хибриди и генетски модофицираните семиња кои се реална опасност за губење на нашата автентична храна, на нашата слобода и право на добра, чиста и правична храна, велат од Слоу фуд.

Настанот се реализира во рамки на кампањата на Слоу фуд млади Македонија „Не за ГМО!“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП