29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel претстави нов мал автомобил - моделот KARL (фото)

Opel претстави нов мал автомобил – моделот KARL (фото)

karl

Понудата на мали автомобили на европскиот пазар наскоро ќе биде побогата за уште еден модел – „Opel Karl“. Новиот најмал автомобил во гамата на германскиот производител ќе има премиера во март, на авто-саемот во Женева, а во продажба ќе се појави некаде на половината на 2015-та.

По моделот „ADAM“, кој името го доби по основачот на компанијата, за името на новото „Opel“ возило е избрано името на еден од синовите на Адам, Карл.

karl 1

И додека Адам од компанијата „Opel“ направил најголем производител на велосипеди во Германија, неговите синови Карл, Вилхем и Фридрих, се впуштиле во автомобилска авантура во 1898-ма година, за веќе во следната година да го направат својот прв автомобил.

„Opel“ во „ADAM“ и новата „Corsа“ внесе многу стилски новитети, пред се на предниот дел на автомобилот, додека дизајнот на „KARL“ на прв чекор изгледа како чекор назад.

karl 2

Маската на ладилникот е подигната, а фаровите личат на оние од претходната генерација на „Corsа“. Сепак, се е на свое место и хармонично интегрирано во целина.

Не се експериментираше ниту на задниот дел на автомобилот. Стоп светлата, кои со својата форма потсетуваат на задните светлосни групи на моделот „Kia Picanto“, се наоѓаат на аглите на возилото.

karl 3

Накратко, дизајнот е уреден, едноставен и подреден на фукциите на автомобилот, а монотонијата на надворешноста се разбива со наборите на страничните делови на возилото.

Како што претходно беше најавено, „Opel KARL“ ќе се произведува во конфигурација со 5 врати. Автомобилот е долг 3,68 m и може во него да се возат 4-5 возрасни патници.

karl 4

Ентериерот исто така е едноставен и функционален. Воланот и инструмент таблата се слични како во новата „Opel Corsа“, а во однос на тој модел, ергономијата е подобрена, така што екранот на мултимедијалниот систем е поместен на врвот на централната конзола.

Идните сопственици на моделот „KARL“ ќе имаат можност да бидат во целост мрежно поврзани со надворешниот свет, преку „IntelliLink“ системот на компанијата, кој обезбедува интеграција со „Apple iOS“ и „Android“ уредите.

karl 5

Во склад со современите тенденции во авто-индустријата, „KARL“ ќе биде опремен со бројни системи во категориите за безбедноста и комфорот.

Покрај стандардниот „ESP“, „ABS“ со електронска дистрибуција на сопирачката сила и асистенција при движење по нагорнина (Hill Start Assist), „KARL“ може да биде опремен со системите, како за напуштање на возната лента (Lane Departure Warning) и други.

karl 6

На возачот му е достапен и градскиот режим на возење (City mode), со кој притискање на копчето ја засилува серво-асистенцијата на воланот.

Покрај тоа, во понудата ќе биде и систем за асистенција при паркирање (Park Assist) и темпомат со лимитер на брзина кој обезбедува возење во рамките на дозволената брзина, што е од помош во градскиот метеж и зоните со ниско ограничување на брзината за движење.

karl 7

Oд дополнителната опрема, на располагање ќе бидат и светла за магла, како и функцијата за странично осветлување, која го олеснува маневрирањето при вртењето.

Под хаубата се наоѓа нов трицилиндарски бензинец, 1.0 ECOTEC со 55 kW/75 ks, кој е развиен специјално за моделот „KARL“. Моќта се пренесува на тркалата преку петстепениот мануелен менувач.

karl 8

Купувачите ќе можат да изберат една од вкупно десетте бои на каросеријата и повеќе дизајнерски на алуминиумските бандажи од 14 до 16 инчи.

Кога кон средината на 2015-та ќе пристигне во продажните салони, „Opel KARL“ ќе се бори за своето место на пазарот со моделите како што се „FIAT Panda“, „VW Up!“, „Renault Twingo“, „Peugeot 108“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП