4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 мириси кои ќе ви помогнат да се опуштите

8 мириси кои ќе ви помогнат да се опуштите

mirisi-za-opuštanje-490x325

Некои мириси предизвикуваат хемиска реакција во мозокот, која ќе ви помогне да се опуштите. Збогатете ја куќата со овие мириси и препуштете му се на уживањето…

„Baby pоwder“

„Baby powder“ ќе ви помогне да се чувствувате смирено, бидејќи потсетува на детството, во кое сте се чувствувале многу сигурно.

Ванила

Освен што смирува, мирисот на ванила поттикнува и брз сон. Свеќите со мирис на ванила во спалната соба се идеално решение за одличен сон.

Лаванда

И маслото од лаванда докажано влијае на мозокот така што ја зголемува поспаноста. Токму затоа, одлучете се да капнете неколку капки етерично масло од лаванда на перницата.

Краставици

Оваа арома ја намалува анксиозноста и го поттикнува опуштањето, бидејќи исто така потсетува на детството, кое било исполнето со пикник забави и чести дружења.

Мирис на драго лице

Мирисот кој му припаѓа на вашиот партнер може да делува многу смирувачки, бидејќи ви дава чувство на нешто познато.

Камилица

Чајот од камилица има смирувачки ефект на многу лица, па затоа и самиот мирис на камилица смирува, бидејќи тогаш се потсетуваме на прекрасното чувство по испиениот топол чај од камилица.

Лонсион за сончање

Овој мирис го поврзуваме со годишниот одмор и патувањата, и благодарение на него се навраќаме на одморите исполнети со уживањето и лежењето на плажа заедно со одличната книга.

Торти и колачи

О, да. Нема поубав мирис, кој докажано релаксира, бидејќи знаеме дека следува нешто познато и многу вкусно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП