11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота го „разголи“ FT-86

Тојота го „разголи“ FT-86

tojota

Тојота одлучи и официјално да го претстави моделот „FT-86 Open“, концепт кој ќе биде прикажан на авто-саемот во Женева, а во однос на класичниот „FT-86“ ќе се разликува по електричниот мек покрив.

tojota 1

Јапонскиот производител наведува дека овој модел благодарејќи на отворената каросерија на сопствениците ќе им нуди чуство на соединување со природата и задоволството при возењето.

Кабината на возилото е практично идентична со онаа на купе верзијата, но се карактеризира со бело-син ентериер и голема контраст со жолто-златните патосници. Останатите детали кои се вклучени во овој модел се алуминиумските педали и металик украсите во кабината.

tojota2

Информационо-забавниот систем на купе моделот е заменет со мала аудио единица и дополнителни инструменти. „FT-86 Open“ ќе го придвижува 2.0 литарски, четирицилиндричен боксер мотор, кој развива 200кс и 205Нм вртежен момент.

tojota 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП