21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДедо Мраз на еврозоната ќе и донесе рецесија

Дедо Мраз на еврозоната ќе и донесе рецесија

recession1

Композитниот индекс на менаџерите за набавка (ПМИ) во еврозоната потона во ноември на 51,1 од 52,1 поени во октомври, соопшти лондонската истражувачка компанија Маркит.

ПМИ е пресметан врз основа на одговорите на илјадници компании во регионот и е сигурен показател за економскиот раст. Ноември е 17-тиот последователен месец во кој индексот е над границата од 50 поени, која го одвојува растот од падот на секторските активности, пренесува Ројтерс.

Подиндексот кој го мери новите бизниси, сепак, е под таа граница за прв пат од средината на минатата година, на 49,7 од 50,8 поени. ПМИ во услужиот сектор се намали на 51,1 од 52,3 поени.

„Регионот е на пат во последниот квартал од оваа година да забележи економски раст од само 0,1 проценти, со големи шанси дека на почетокот на наредната година ќе падне во рецесија“, наведува главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

Дополнителниот пад на цените, заедно со слабеењето на клучните економии во еврозоната, ќе ја загрижи Европската централна банка (ЕЦБ) која се обидува да ја оживее економијата на европскиот монетарен блок и да ја поттикне опасно ниската инфлација, која во ноември се намали на 0,3 проценти, во однос на посакуваното ниво на ЕЦБ од околу два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП