26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардер прави копија од Титаник

Милијардер прави копија од Титаник

titanik1

Австралискиот милијардер Клајв Палмер откри дека планира да изработи совршена копија од Титаник, бродот кој потона пред сто години.

Иако при изработката безбедноста ќе биде најважен фактор, Палмер одби да каже дека неговиот брод ќе биде непотоплив.

„Ако направите дупка, секој брод ќе потоне“, изјави тој.

Во Њујорк беа прикажани компјутерски генерирани слики од копијата, која би требало од Саутемптон до Њујорк да плови во 2016 година.

Неговиот брод најверојатно е сличен со оригиналниот Титаник. Компанијата на Палмер „Blue Star Line“, ги прикажа фотографиите од новиот брод на кои јасно се гледа дека разликата е единствено во клима уредите, болницата и местото за хеликоптер.

Како и во 1912 година, ќе постојат три патнички класи, на кои нема да им биде дозволено мешање. Дури и базенот и теретаната ќе бидат речиси идентични со бродот од 1912 година, иако на располагање има далеку повеќе модерни алтернативи.

Клучна промена ќе биде бројот на чамците за спасување. На оригиналниот Титаник имаше место за 2.224 патници и членови на екипажот, а на новиот брод ќе има место за 2.435 патници и 900 места за членовите на екипажот.

Пламер, кој себе си се опишува како милијардер, иако „Форбс“ проценти дека вреди 795 милиони американски долари, одби да каже колку ќе чини овој проект.

„Бидете сигурни, кога станува збор за безбедност, овој брод ќе биде најбезбедниот брод за крстарење во светот“, изјави Палмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП