21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавите од АСЕАН ќе инвестираат 2,5 билиони долари во инфраструктурата

Државите од АСЕАН ќе инвестираат 2,5 билиони долари во инфраструктурата

aseannationsflagsinjakarta3-620x320

Десетте држави од југоисточна Азија, здружени во АСЕАН, во следните десет години ќе инвестираат 2,5 билиони (2.500 милијарди) долари во изградба на нови патишта, аеродорми и пристаништа.

Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на чие подрачје има 600 милиони жители, која од 2016 година ќе функционира како економска заедница со речиси идентични правила како и Европската Унија, планира крајот на оваа деценија да го пречека со вкупен заеднички БДП од над седум илјади милијарди долари.

Овие најави и проценки се направени на штотуку завршениот економско­финансиски Самит што се оддржа во Бангкок. На самитот учествуваа голем број поранешни и сегашни министри за економија, финансии и развој од Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Виетнам, Сингапур, Брунеи, Малезија, Индонезија и Филипините..

Планерите сметаат дека најголем дел од средствата ќе се обезбедуваат од државните буџети, приватниот сектор и од банкарски кредити. Во инфраструктурните инвестиции со заеми и директни вложувања од државите вон АСЕАН, најмногу треба да учествуваат Кина и Јапонија, како и Азиската банка за обнова и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП