26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел ги намалува за 17 милиони евра земјоделските субвенции за Грција

Брисел ги намалува за 17 милиони евра земјоделските субвенции за Грција

Berlaymont Building Brussels Belgium

Европската комисија донесе одлука да ги намали за 17 милиони евра земјоделските субвенции за Грција за 2014 година, по истрагата со која се откриени можни измами од страна на грчките земјоделски производители.

„ЕК првпат ја применува оваа нова опција за управување со буџетот, но многу е важно правилата да се почитуваат“, истакна во соопштение еврокомесарот за земјоделство Фил Хоган.

И покрај значителниот напредок земјата не успеала да го усогласи со европските норми својот систем за оценка кои земјоделски парцели кои можат да добијат субвении во рамки на Заедничката земјоделска политика, нагласи ЕК.

Комисијата истакна дека тоа било потврдено со истрагата, спроведена минатиот месец. ЕК нагласи дека за да се избегне натамошно непотребно отпуштање на помош првпат ја применила оваа мерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП