Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Франција на 0,4 проценти бруто домашен производ за оваа година, на 0,7 проценти во 2015 година и 1,2 проценти во 2016 година.
Оваа агенцијата во септември прогнозираше дека француската економија во оваа година ќе забележи раст од 0,5 проценти, 1,1 проценти наредната година и 1,5 проценти во 2016 година.
Истиот извор потсетува дека француската влада за оваа година исто така предвиде економски раст од 0,4 проценти, но 1,0 проценти за 2015 година и 1,7 проценти во 2016 година.
Американската агенција во соопштението ја истакнува слабоста на конкурентноста и профитабилноста на француските компании, додавајќи дека БДП во нарените две години најмногу ќе зависи од потрошувачката на домаќинствата која стагнира од почетокот на 2011 година.
Во заклучокот се наведува дека е потребно време за преземените реформи на пазарот за труд и оданочувањето на компаниите да произведат ефекти во економскиот раст.