26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Златната деценија“ е минато

„Златната деценија“ е минато

crash

Државите од Латинска Америка оваа година ќе остварат раст од само 1,1 проценти, што е најбавното темпо на нивниот раст во последните пет години.

Тоа го соопшти Економската комисија на ОН за Латинска Aмерика и Карибите (ECLAC), а проценките се дека економскиот раст на земјите од тој регион во 2015 година ќе закрепне на 2,2 проценти бруто домашен производ (БДП), пренесува агенцијата Франс прес.

Како причина за забавувањето на растот на земјите од Латинска Америка во оваа година, ECLAC го наведува забавеното и нееднакво глобално закрепнување од економската криза, потоа падот на цената на суровините и оскудната динамика во летиноамериканската трговска побарувачка.

Според оценките на Франс прес, најновите податоци потврдија дека „златната деценија“ на забрзан економски раст во овој регион е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП